Македонскиот шампион, екипата на Струга ТЛ се подготвува за своите настапи во 2. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА против ерменски Пјуник.
Стружани од денеска ги пушти во продажба билетите за првиот натпревар со Ерменците кој ќе се игра на 24. јули на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Цената на билетите е 300 денари, а може да се набават преку мрежата на карти.мк.
Реванш натпреварот меѓу Струга ТЛ и Пјуник се игра на 30. јули во Ереван.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА