Струга ТЛ го губи здивот за титулата: Блицкриг на Силекс за пресврт и голема победа (ВИДЕО)

Интересен, возбудлив и неизвесен натпревар, на крај триумф на Силекс на гостувањето кај Струга ТЛ, која на стартот од пролетната полусезона ја губи битката за титулата во ПМФЛ со вториот пораз во вториот меч. Струга ТЛ двапати водеше во мечот со кратовскиот тим, но на крајот славеа гостите со два брзи гола во финишот од мечот.

Струга ТЛ во 22. минута поведе преку Радески, кој упати вистинска „бомба“ која заврши во мрежата на Џеков.

На израмнување се чекаше до 53. минута кога Силекс по една акција од левата страна, и топка додадена до Алиќ, овој ја смести зад грбот на Ангелети.

Во 60. минута второ водство за Струга ТЛ. Уфрлена топка од десната страна, одбиена од Џеков стигна до Компаоре кој од мртво агол ја мести во мрежата на Силекс.

Силекс дојде до израмнување во 81. минута преку нововлезениот Николовски. Акцијата течеше од средината на теренот, топката дојде до Додев кој шутираше, Ангелети одбрани до Алиќ, овој беше изблокиран од Мици, а топката на десната страна стигна до Николовски кој спроведе во празната мрежа за 2-2.

Само четири минути прво водство на Силекс. Додев нафрли од корнер, а Пиреш со глава ја смести топката во горниот лев агол.

Се вчитува...