Струга ТЛ го промовираше Едис Малиќи (ВИДЕО)

Струга ТЛ промовираше уште едно засилување за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Нов фудбалер на лидерот во шампионатот е 27-годишниот десен бек, Едис Малиќи.

Струга ТЛ официјално го претстави Малиќи кој доаѓа од редовите на албанскиот прволигаш Динамо Тирана.

Претходно во својата кариера Малиќи има настапи и за хрватска Локомотива, како и за Работнички, Македонија ЃП и Шкупи во македонскиот шампионат.

Се вчитува...