Струга ТЛ го раскина договорот со Стефан Спировски

Македонскиот фудбалски прволигаш Струга Трим Лум ја раскина соработката со 34-годишниот играч од средниот ред, Стефан Спировски.

„Стефан Спировски нема да ги брани боите на Струга Трим Лум во новата сезона. За време на денешниот состанок помеѓу спортскиот директор, Бесарт Исаку, и Спировски, беше постигнат договор за предвремен раскин на соработката.

Спировски имаше договор со Струга Трим Лум за следната сезона, но по краток разговор во канцелариите на нашиот клуб, страните се ракуваа и меѓусебно се согласија за раскинување на договорот“, стои во соопштението на Струга ТЛ. 

Спировски се приклучи на тимот на Струга Трим Лум во јули минатата година, како засилување за европските натпревари.

Се вчитува...