Струга ТЛ продолжува со максималниот ефект на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, забележувајќи ја и четвртата победа во 4. коло, овој пат повеќе од убедливо со 0-5 на гостувањето во Куманово против Башкими.
Домаќините веќе во 23. минута останаа со фудбалер помалку по исклучувањето на офанзивецот Марко Симоновски. Па, сето тоа умешно го искористија двократните шампиони на Македонија.
Гостите до предност од 0-1 дојдоа со голот на Компаоре уште во 24. минута од средбата.
А, фудбалерите на Струга ТЛ веќе во 35. минута дојдоа до предност и од 0-2 со голот на Марјан Радески.
Во второто полувреме уште два погодоци во мрежата на кумановци. Најпрво Компаоре во 56. минута со својот втор гол на мечот донесе 0-3, а веќе во 67. минута по еден брз контранапад, капитенот Буњамин Шабани зголеми и на 0-4.
Конечните 0-5 ги постави Христијан Малески со голот во 87. минута од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

