Со натпреварот меѓу актуелниот шампион Струга Трим и Лум и битолски Пелистер денеска од 15 часот ќе се отвори 26. рунда во Првата македонска фудбалска лига.
Двата тима се наоѓаат во една комбинирана форма, па бодовите се од неопходно значење на денешниот меч кој ќе се игра покрај Охридското езеро. Фудбалерот на домаќинот, Марјан Радески пред мечот вели дека почнува периодот на најважни натпревари на неговиот тим.
„Верувам дека вистинската сезона и најважните натпревари за нас почнуваат од денеска и до крајот на сезоната, каде што не очекуваат многу важни натпревари, преку кои ќе се обидеме да дојдеме до пехарот во Купот. Го респектираме секој противник, како што дефинитивно го респектираме и Пелистер. Нормално, очекувањата за овој меч се само 3 бода. Истото ќе биде многу важно не само за пласманот, туку и психички пред натпреварот од Купот против Шкендија. Атмосферата во тимот е одлична, среќни сме што немаме повредени играчи, па сите ќе бидеме подготвени да го дадеме максимумот на денешниот натпревар и на крајот да излеземе победници“, изјави Радески.
ПРВА ЛИГА – 26. КОЛО (денеска, 15 часот)
Струга: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР
УТРЕ, 15 ЧАСОТ
Струмица: АП БРЕРА – ВАРДАР
Гостивар: БЕСА – ГОСТИВАР
Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
Охрид: ВОСКА – СИЛЕКС
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА