Струга ТЛ и Шкендија одигра незаминливо прво и одлично, крајно возбудливо, второ полувреме во денешната голема дерби-пресметка од 6. коло во Првата македонска фудбалска лига по кои на крајот двете екипи ги поделија бодовите, играјќи 1-1.
Стружани откако беа најпрво во негатива од 0-1, можеа и да дојдат до пресврт за победа од 2-1, но по интервенција на ВАР-системот беше поништен погодок за Струга ТЛ во 89. минута од средбата.
Само што почна второто полувреме Шкендија дојде до водство од 0-1. Одлична акција на тетовци која на мајсторски начин со убав погодок, надмудрувајќи го противничкиот дефанзивец Мици, ја реши Фабрис Тамба со голот во 53. минута…
Но, во 79.минута пенал за Струга ТЛ, кој успешно го реализираше Марјан Радески за конечни 1-1.
Во 90. минута стружани постигнаа гол, но по ВАР-интервенцијата оправдано беше поништен поради офсајд-позиција на домашните откако Фал ја смести топката во мрежата пред гол-линијата, по шутот на Малески…
Тиквеш, пак, триумфираше со 1-0 на дуелот во Кавадарци против Шкупи со голот на Берат Садик во 26. минута од средбата. Дебитантски гол за Садик во дресот на Тиквеш сезонава…
РЕЗУЛТАТИ – 6. КОЛО (прво полувреме)
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКУПИ 1-0
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА 1-1
ВЧЕРА
Куманово: БАШКИМИ – СИЛЕКС 2-1
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АП БРЕРА 2-0
ЧЕТВРТОК (18.09 – 15:30 ч.)
Гостивар: АРЕСИМИ 1973 – ВАРДАР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

