Струга ТЛ и Силекс без победник на контролата во Гостивар

Струга Трим Лум и Силекс ремизираа (1-1) на денешниот пријателски натпревар кој се одигра во Гостивар.

Во квалитетен тест дуел, со многу шанси и на двете страни, Силекс поведе во 53. минута со голот на Ивановски. Но, избраниците на Јетон Беќири го израмнија резултатот во 81. минута со голот на Флорент Османи.

Се вчитува...