Струга ТЛ и Вардар ќе играат во финалето од Купот на Македонија во сезоната 2024/25.
По денешните реванш-полуфинални пресметки, Струга ТЛ и Вардар ги елиминираа Шкендија и АП Брера, за место во големото финале кое ќе се игра следниот месец.
По победата од 1-2 во Тетово на првиот меѓусебен дуел, стружани денеска пред своите навивачи ремизираа (1-1) со Шкендија.
Водството на Струга ТЛ го донесе Укпа со погодокот уште во 19. минута од средбата.
Шкендија успеа само да израмни во 92.минута со автоголот на Сава Радиќ, но недоволно за пласман во финалето.
На реванш-дуелот во Струмица, Вардар ремизираше (1-1) со АП Брера сосема доволно за пласман во финалето, по победата од 3-0 во Скопје.
Струмичани до водство дојдоа со голот на Јанкулоски во 34. минута.
Вардар израмни за конечни 1-1 со голот на Талевски во 58.минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА