Струга ТЛ се одлучи да ги испрати Јусуф Каба, Хадис Таири, Веби Ислами и Кире Ристевски на позајмица во клубови од македонската Прва лига оваа пролет.
Левокрилниот дефанзивец, Хадис Таири е испратен на позајмица следните шест месеци во Шкендија Арачиново, каде што ќе му се придружи на Јусуф Каба.
Веби Ислами ќе продолжи да игра во Кожув, со кој тим се истакна во текот на есенската сезона во Втората лига, додека поранешниот македонски репрезентативец Кире Ристевски е позајмен на Пелистер.
Во текот на есенската сезона, Ристевски играше на позајмица во Македонија ЃП, за да сега оди на позајмица во неговиот роден град. Во јуни оваа година потоа му завршува договорот на Кире Ристевски со Струга ТЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

