Струга ТЛ ја продолжи агонијата на Шкупи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Струга Трим Лум славеа против Шкупи со 1-2 во натпревар во кој чаирчани беа домаќини токму во Струга во првиот од двата меча од денешната програма од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Во првите пет минути и двата тима имаа по една убава шанса, но сепак мрежите мируваа. Малески стрелаше за 0-1 во 9. минута, но поради офсајд неговиот гол беше поништен. Струга имаше уште неколку шанси кои не успеа да ги реализира, а очекуваното водство дојде во 23. минута кога Компаоре одлично се снајде по центаршутот на Воша за 0-1 за номиналниот гостин на мечот.

 

Шкупи на стартот на вториот дел стигна до израмнување 1-1 откако главниот судија на мечот Благојче Ралевски по консултација со ВАР собата досуди пенал за чаирчани, а стружани останаа и со фудбалер помалку поради црвениот картон на Ласана Диако. Пеналот успешно го реализираше Сухељ Муарем.

Стружани на крајот сепак успеаја да стигнат до полн плен, откако Компаоре со својот втор гол овојпат од пенал ги постави конечните 1-2 во 74. минута.

 

ПМФЛ 11. КОЛО: 

ВЧЕРА: 

АРСИМИ – РАБОТНИЧКИ 2-2 

МАКЕДОНИЈА ЃП – БАШКИМИ 1-1

ДЕНЕСКА: 

ШКУПИ – СТРУГА ТЛ 1-2

(17.00) ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 

УТРЕ: 

(13.30) АП БРЕРА – ШКЕНДИЈА 

(13.30) ВАРДАР – СИЛЕКС  

Се вчитува...