Одбраната на Струга ТЛ во пролетниот дел ќе биде посилна за Маудо Ламин Жаржу. Стоперот во македонскиот првак доаѓа од екипата на норвешки Сајдерфјорд, а има настапувано во Елфсборг, Австрија Виена, Слован Братислава, Сабаил, Жил Висенте, Нуњо Тристао…
Станува збор за репрезентативец на Гамбија, кој доаѓа како слободен агент со оглед дека му заврши договорот со Сандефјорд.
Тој треба да биде засилување за шампионот во битката за одбрана на титулата во македонскиот шампионат.
Во целата измината година, Жаржу има одиграно само еден натпревар. Во последните месеци не беше ниту на клупата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА