Струга ТЛ ја завери шампионската титула! (ВИДЕО)

Струга ТЛ е новиот шампион на Македонија. Прва историска титула за стружани, кои брзо напредуваа до прволигашката конкуренција, и сега го освоија пехарот. Стружани на свој терен го совладаа тимот на Силекс, додека на „Чаир“ Шкендија загуби и така Шкупи ги промовираше избраниците на Шпетим Дуро во нови прваци и ќе ја преставуваат земјата во квалификациите во Лигата на шампионите.

Струга ТЛ го скрши отпорот на Силекс пред финишот на првиот дел, а потоа во вториот дел само додаде „гас“ за на крајот убедлив триумф над кратовци.

На Чаир, Шкендија прва поведе со прекрасниот гол на Чинари, но Шкупи најпрво израмни преку Адетунџи, а потоа и пресврт со голот на Илиески во вториот дел успеа да дојде до победата и така да се искачи на второто место на табелата пред последните две кола од шампионатот. Сепак, херој на чаирчани е голманот Наумовски кој во 85. минута му одбрани пенал на Чинари.

Најмногу голови, дури девет паднаа на „Борис Трајковски“, каде Работнички со пресврт го совлада тимот на Брегалница со 5-4. Штипјани водеа со 0-2, а потоа Работнички поведе со 3-2 до полувремето, па потоа и 4-2. Брегалница стигнуваше и до 4-3 и до 5-4, но на крајот не го избегна поразот.

Убедлив триумф со шест гола оствари тимот на Македонија ЃП над испаднатата победа, додека Академија Пандев на домашен терен беше поразена од Тиквеш.

ПМФЛ, 31. КОЛО

СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 3-0
(Ибраими 45′, Шабани (п) 48′, 78′)

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 2-1
(Адетунџи 28′, Илиески 78′- Чинари 17′)

РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 5-4
(Рушевиќ 30′, 67′ Мисердовски 34′, Гандо 39′, Мазари 52′ – Додев 14′, Андонов 20′, Ѓорѓиев 63′, Николов 75′)

МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА 7-0
(Воша 4′, 26′, 63′, Мишевски 34′, 40′)

АК. ПАНДЕВ – ТИКВЕШ 1-4

СКОПЈЕ слободен

ВИДЕА ОД ГОЛОВИТЕ:

СТРУГА – СИЛЕКС

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА

РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА

МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА

Се вчитува...