Струга ТЛ ќе игра против Галатасарај ако го победи Жалгирис

Струга Трим Лум денеска го доби потенцијалниот противник во 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите, доколку успее да ја мине првата пречка, литвански Жалгирис.

Македонскиот првак потенцијално во 2. коло ќе игра со турскиот гигант Галатасарај. Првиот меч би требало Струга ТЛ да го игра како домаќин. Но, најпрво стружани треба да го минат тимот на Жалгирис.

Во 13 часот следува ждрепка за 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции. Таму покрај Македонија ЃП, Шкендија и Шкупи, ќе се најде и Струга ТЛ во т.н. шампионскиот пат, односно ќе го дознае противникот за 2. квалификациско коло во ЛК доколку испадне од Жалгирис во 1. квалификациско коло.

Се вчитува...