Струга ТЛ ќе слави титула против Шкупи за крај на сезоната во Првата лига!

Последно коло од Првата македонска фудбалска лига денеска од 17 часот во кое се е познато околу распределбата на местата за Европа и битката за опстанок, па останува единствено ревијална рунда натпревари колку за заокружување на сезоната.

Секако целокупниот фокус ќе биде во Струга каде новиот шампион Струга ТЛ ќе го добие трофејот од Фудбалската федерација на Македонија, дополнето и со прослава на круната која стружани и тоа како ја заслужија сезонава.

Најмладиот домашен прволигаш дојде до титулата, првпат во својата историја, и во историјата на град Струга, што е секако за издвојување, благодарение на посветената работа во клубот и истрајноста во зацртаните цели.

ПРВА ЛИГА – 33. КОЛО
Струмица: АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС
Скопје: СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
Прилеп: ПОБЕДА – ТИКВЕШ

Се вчитува...