Струга ТЛ мора на триумф против „лавовите“ ако сака продолжување на шампионската битка

Со натпреварот меѓу Струга ТЛ и Македонија ЃП денеска од 14 часот се отвора 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.

По ремито на првиот пролетен натпревар против Тиквеш во Кавадарци, стружани сега без сомнение посакуваат победа за продолжување на битката за шампионската титула сезонава.

„Натпреварот со Тиквеш за мене беше официјално деби во дресот на Струга ТЛ. Можам да кажам дека впечатокот и чувството беа многу позитивни на тој натпревар, а единствено што недостасуваше е со победа да го заокружиме натпреварот“ – вели Меџит Незири, кој сега очекува триумф на својот тим против „лавовите“.

„Струга ТЛ има сила и квалитет да извлече триумф пред нашите навивачи. За мене и за некои нови играчи ова ќе биде првпат да играме пред домашната публика, па ги повикувам да бидат во што поголем број за да ни ја олеснат работата на патот кон трите бода. Ќе дадеме се од себе бодовите да останат во Струга и се надевам дека на крајот од средбата ќе славиме заедно“.

ПМФЛ – 20. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Струга: СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП
УТРЕ (недела, 14 ч.)
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ
Тетово: ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА
Скопје: РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА
Скопје: СКОПЈЕ – ТИКВЕШ

Се вчитува...