Струга ТЛ не запира со засилувањата за настапот во квалификациите од Лигата на шампионите на УЕФА.
По претходниот ангажман на поранешните репрезентативци Стефан Спировски и Кире Ристевски, пред официјална промоција во дресот на Струга ТЛ е и досегашниот голман на Македонија ЃП, Христијан Стевковски.
25-годишниот Стевковски треба да биде замената за Ведран Ќосевски на голот на стружани, и покрај тоа што клубот претходно го ангажираше Босанецот Филип Дујмовиќ.
Стевковски од 2020 година одлично го бранеше голот на Македонија ЃП, по што следи и интересот на македонскиот шампион. Претходно во својата кариера, Стевковски беше дел и од екипата на Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА