Струга Трим Лум по двонеделната пауза се враќа на обврските во домашниот шампионат, а прв предизвик е дуелот против Работнички. Во пресрет на денешниот натпревар, своите очекувања ги сподели Меметриза Хамза, кој во меѓувреме беше дел од репрезентацијата до 21 година.
Хамза истакна дека тимот сака да го продолжи позитивниот ритам.
„По паузата поради репрезентативните настапи, целта ни е да продолжиме таму каде што застанавме. Во серија сме од шест меча без пораз, со три победи по ред, и против Работнички ќе излеземе со јасна намера да ги освоиме бодовите. Ако ги исполниме задачите од стручниот штаб, верувам дека победата ќе остане во Струга“, изјави Меметриза Хамза.
Тој додаде дека противникот заслужува максимален респект.
„Работнички во последно време игра во добра форма и освојува важни бодови. Имаат квалитетен состав, па ќе мора да бидеме внимателни. Верувам дека анализите ќе ни помогнат да го наметнеме нашиот ритам и да стигнеме до позитивен резултат“, заклучи фудбалерот на Струга Трим Лум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

