Струга ТЛ од пенал до водство против Работнички на полувреме (ВИДЕО)

Струга Трим Лум има водство од 1-0 на полувреме против Работнички во премиерниот натпревар од 3. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

И двата тима премногу внимателно го отворија натпреварот. Домаќините се обидуваа да го загрозат голот на „романтичарите“, но нивните напади беа млаки, па по 20 минути игра се уште стоеаја почетните 0-0.

Првата поубава шанса ја имаа домаќините кога во 21. минута Марјан Радески биеше кон голот на Василев со глава, но лесно интервенираше голманот на Работнички. Нова шанса домаќините имаа во 35. миннута кога Компаоре успеаја да ја искористи грешката на гостинската одбрана, но сепак на крајот биеше непрецизно покрај голот на Василев.

До крајот на првиот дел Велјиќ го фаулираше Компаоре во шеснаесетникот, а истиот фудбалер прецизно стрелаше од белата точка за водство на Струга ТЛ од 1-0.

ПМФЛ 3. КОЛО: 

ДЕНЕСКА: 

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 1-0

(20 часот) ВАРДАР – АП БРЕРА 

УТРЕ (17 часот) 

СИЛЕКС – МАKEДОНИЈА ЃП 

НЕДЕЛА (17 часот) 

ШКЕНДИЈА – АРСИМИ 

ПОНЕДЕЛНИК (17 часот) 

БАШКИМИ ТИКВЕШ 

ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...