Струга ТЛ одигра без голови против Дебрецен, Силекс загуби од Македонија ЃП

Актуелниот шампион Струга ТЛ одигра нерешено без голови во пријателскиот натпревар против унгарски Дебрецен одигран во Анталија, Турција.

Првото полувреме мина без посериозни шанси за гол. Во вториот дел Струга ТЛ почна со 10 нови играчи во тимот. Имаше шанси и Кехинде и Компаоре, но без промена на резултатот. Шанса имаше и Дебрецен откако ја погоди стативата.

Пријателски меч денеска одиграа Македонија ЃП и Силекс, во кој славеше тимот на „лавовите“ со 1-0.

Се вчитува...