Струга ТЛ одигра контрола без голови со Поградец

Користејќи ја паузата поради репрезентативните настапи, екипата на Струга ТЛ денеска на свој терен во пријателски натпревар одигра без голови со албанскиот второлигаш Поградец.

Во комбиниран состав, Бледи Шкемби тестираше дел од своите играчи кои се со помала минутажа во домашниот шампионат. Па, стружани и имаа неколку шанси за погодок, но не успеаја да ги искористат.

Во продолжението од шампионатот, стружани играат дома со Работнички на 5 април.

Се вчитува...