Македонскиот шампион Струга ТЛ и Абдулхади Јахја, по пет години меѓусебна соработка, се одлучија разделба.
Јахја беше дел од Струга ТЛ од јануари 2019 година, кога пристигна од редовите на Скопје, за да низ изминатите пет години запише 132 настапи, со 5 гола и 15 асистенции.
Тој беше дел од најголемите успеси на стружани, кога првично во сезоната 2021/22 тимот обезбеди место во квалификациите за Конференциската лига, а минатата година ја освои и шампионската титула во Македонија.
„Ние како клуб му благодариме на Абдулхади Јахја за придонесот во дресот на нашиот тим, а истовремено му посакуваме многу успеси во кариерата во иднина“ – се вели во информацијата од Струга ТЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА