Есенскиот шампион и лидер во Првата македонска фудбалска лига Струга Трим и Лум славеше со 2-0 против второлигашот Воска во пријателски натпревар во Охрид како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната во македонските шампионати.
Стружани поведоа со 0-1 во 43. минута од првото полувреме преку Муарем, а дилемите околу победникот беа решени во 73. минута кога за тимот од Струга вториот гол го постигна Ибраими за конечни 0-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА