Струга Трим и Лум повторно ја нападна судиската комисија во Фудбалската федерација на Македонија поради спорната ситуација од мечот од последното коло меѓу струшкиот тим и штипска Брегалница.
Од ФФМ констатираа дека наводниот офсајд за првиот гол на Брегалница на дуелот од 13. коло во ПМФЛ, од каде од тимот кој е на лидерската позиција сметаат дека е офсајд (а судиската анализа покажа дека е чист), потенцираат дека погодокот е чист, а притоа напоменаа дека анализите се прават по сите критериуми и стандарди на УЕФА.
Струга со соопштение вели дека во ниту една ситуација на фотоанализата од судиската комисија не се гледа дека ситуацијата е чиста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

