Струга ТЛ повторно со гол во 92. минута за есенска титула, Шкупи славеше во Струмица, победи за Вардар и Воска во битката за опстанок (ВИДЕО)

Екипата на Струга ТЛ е есенскиот шампион во сезоната 2023/24 од Првата македонска фудбалска лига откако во последното есенско коло триумфираше со 2-1 против Брегалница на домашен терен, и тоа нешто слично како и во пресметката со Воска Спорт повторно со гол во судиското продолжение од средбата.

Шкупи заврши на втората позиција на табелата откако триумфираше со 0-1 на гостувањето против АП Брера во Струмица.

Чаирчани до победата дојдоа со голот на Трапановски веднаш на стартот од второто полувреме на натпреварот. Брз контранапад на гостите кој рутински го крунисува со погодок Трапановски во 47. минута за водство на Шкупи од 0-1.

Но, гостите израмнија во 72. минута со голот на Виктор Велкоски, за да во втората минута од судиското продолжение повторно драматична ситуација. Стружани триумфираа со голот на Компаоре за 2-1 по прекинот од левата страна, но остана сомнителна ситуацијата дали имаше офсајд при погодокот на домашните.



Шкендија го победи Силекс во Тетово со 3-1. Шкендија поведе со голот на Аганспахиќ уште во 8. минута од натпреварот, но Марко Ѓорѓиевски успеа да израмни од пенал за Силекс во 18. минута.


Сепак, во второто полувреме Аганспахиќ со својот втор гол во 61. минута повторно донесе предност од 2-1, а Тотре во 93. минута само ги потврди конечните 3-1.

Вардар дојде до значајна победа од 2-0 против Тиквеш со која сега се израмни бодовно на табелата со Брегалница која е на претпоследната позиција. „Вардарци“ до предноста против кавадарчани дојдоа со голот на Дарко Глишиѓќ во 23. минута од натпреварот.

Во второто полувреме во 87. минута погоди и Велковски за конечни 2-0.

Се вчитува...