Струга ТЛ преку Работнички за зацврстување на лидерското место, „пандевци“ и Шкупи ќе ги мерат силите во Струмица

Фудбалерите на Струга ТЛ посакуваат останување на лидерската позиција во Првата македонска фидбалска лига и по денешното 24. коло.

Стружани гостуваат на Работнички во Скопје во, за нив, секогаш повеќе од незгодното гостување од кое тешко добиваат бодови. Но, сега мотивот е првото место на табелата.

„Се соочуваме со Работнички, многу непријатен тим, но мислам дека имаме сили да ги освоиме трите бода од овој натпревар. Работевме одлично како група цела недела и верувам дека сите сме подготвени да го дадеме максимумот за нова победа, која би не задржала на првата позиција“ – вели Мухарем Сухељ.

Од друга страна, пак, Шкупи по третпат ќе има обид да дојде на првото место. Но, само со пораз на Струга ТЛ од Работнички, а нивна победа на гостувањето против Академија Пандев во Струмица.

Силен мотив за надигрување има во двата состави, и на Александар Васоски и на Гоце Седлоски. Во двата табори потенцираат дека се желни за триумф.

ПМФЛ -24. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ
Прилеп: ПОБЕДА – СИЛЕКС
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ
Кавадарци: ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП
УТРЕ (15 ч.)
Скопје: СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА
БРЕГАЛНИЦА – слободна

Се вчитува...