Струга ТЛ против Брера ќе ги „лечи раните“, Шкендија на победа со Пелистер

По претходниот пораз од Работнички, македонскиот шампион Струга ТЛ денеска во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига ќе ги „лечи раните“ против екипата на АП Брера.

На домашен терен пред своите навивачи стружани атакуваат на трите бода против Брера, која има лоша низа од два порази во серија.

Шкендија, пак, токму по триумфот над Брера во Струмица сега во Тетово против Пелистер ќе се обиде да дојде до нови три бода.

„Нормално посакуваме победа на денешниот натпревар. Со помош на навивачите, со помош на ‘Балистите’, целосно сме подготвени со мотото ‘Еден за сите, сите за еден’ да дојдеме до нови три бода“ – вели Валон Ахмеди.

ПРВА ЛИГА – 4. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Скопје: ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ
Гостивар: БЕСА – РАБОТНИЧКИ
Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ
Струга: СТРУГА ТЛ – АП БРЕРА
Кавадарци: ТИКВЕШ – ГОСТИВАР

Се вчитува...