Екипата на Струга ТЛ својот натпревар од 3. квалификациско коло во Конференциската лига, по налог на УЕФА, ќе го игра на стадионот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
УЕФА претходно наложи дуелот да се игра на арената „Тодор Проески“, но поради крајно лошата состојба на теренот на нашиот најголем стадион сепак натпреварот ќе мора да се игра на комплексот „Куќа на фудбалот“ на 10. август со почеток од 17 часот.
А, арената „Тодор Проески“ од почетокот на овој месец комплетно се затвора, по којзнае кој пат, поради реновирање на теренот за натпреварот меѓу Македонија и Италија во квалификациите за ЕП 2024 кој е закажана на 9. септември од 20:45 часот. Што значи, до 9. септември нема да има фудбал на најголемиот македонски стадион.
Сето тоа значи и дека ниту една екипа во домашното првенство нема да може да игра на арената „Тодор Проески“. Па, и дуелот меѓу Вардар и Шкупи во 2. коло од Првата македонска фудбалска лига, и покрај тоа што „Комити“ посакуваа да се игра на нашиот најголем стадион, сепак најверојатно ќе се игра на 13. август на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА