Филип Дујмовиќ повеќе не е член на Струга ТЛ откако управата на македонскиот шампион реши да ја прекине соработката со хрватскиот голман со пасош од БиХ.
Дујмовиќ дојде во клубот минатото лето како големо засилување од тимот на Железничар од Сараево, бранеше на четири средби во европските натпреварувања, но не се истакна со своите квалитети и потоа речиси и да не добиваше шанса на голот на Струга ТЛ (само уште три меча до крајот на полусезоната).
„Утре почнуваме со подготовки за пролетната полусезона, а голманот Филип Дујмовиќ нема да биде дел од тимот. Ја прекинавме соработката со Филип по само шест месеци, му благодариме на Дујмовиќ за времето минато заедно и му посакуваме многу среќа во натамошниот дел од кариерата“, се вели во соопштението на Струга ТЛ.
Стружани доведоа две нови засилувања за вториот дел од сезоната, левиот бек Папе Фал од Сенегал кој пристигна од Лиепаја од шампионатот на Летонија, како и Меметриза Хамза од редовите на Башкими од Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА