Струга ТЛ ремизираше со Тренчин, Силекс загуби од Бунјодкор

Двете наши екипи кои се подготвуваат во Анталија, Силекс и Струга ТЛ, денеска одиграа пријателски натпревари.

Силекс одигра со Бунјодкор од Узбекистан, и загуби со 1-2. Стрелец на единствниот гол за кратовскиот прволигаш беше Али Адиќ.

Струга ТЛ, пак, во интересен меч одигра нерешено 2-2 против Тренчин од Словачка. Македонскиот тим рано поведе, уште во 8. минута, а во вториот дел за само 11. минути ја „прокоцка“ предноста, па со голови во 59. и во 70. минута од средбата, словачкиот тим дојде до предност.

Сепак, Струга ТЛ во 78. минута успеа да даде гол, да израмни и да не дозволи пораз од овој натпревар.

Се вчитува...