На едно коло пред крајот од првиот дел во сезоната, фудбалерите на Струга ТЛ си ја осигураа есенската круна во Првата македонска фудбалска лига, па денеска во последната рунда од првата полусезона ќе се обидат со нови три бода да останат на предноста во однос на конкурентите за врвот во македонскиот фудбал.
Јасно е дека стружани ги чека тежок дуел, без разлика што се соочуваат со Скопје, па најавуваат максимален ангажман во желбата да дојдат до бодовите.
„Многу важен натпревар за нас, се надевам дека ќе го завршиме онака како што ја започнавме оваа година, со три бода и покрај тоа што играме како гости и на еден тежок терен каков што e и оној на Скопјe. Се подготвивме максимално за овој натпревар и со сериозен пристап се надевам дека ќе се вратиме со трите бода” – вели фудбалерот од средниот ред на Струга ТЛ, Бесмир Бојку.
А, Шкупи, пак, ќе чека кикс за да ја намали бодовната разлика. Се разбира со атак на триумф на денешниот дуел против Работнички кој ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Во останатите дуели интересно ќе биде во Струмица каде Академија Пандев го пречекува Тиквеш, а Брегалница ја носи фаворитската улога на дуелот против Победа во Штип.
ПМФЛ – 18. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Скопје: СКОПЈЕ – СТРУГА ТЛ
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ТИКВЕШ
Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
Шкендија е слободна
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

