Струга Трим Лум ги претстави новите две засилувања за новата сезона. Станува збор за Христијан Георгиевски и Беким Камбери.
Георгиевски игра во средниот ред, и потекнува од школата на Работнички, а во минатите шест месеци играше за Силекс. Претходно беше дел од Скопје, вториот тим на МТК од Унгарија.
Камбери игра во нападот, а има дански пасош. Доаѓа од тимот на Хелеруп. Во младинските категории минатата сезона во 51 настап даде 14 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

