Струга ТЛ со +5 на врвот по киксот на Шкендија, победи за Шкупи, Ак. Пандев и Македонија ЃП (ВИДЕО)

Лидерот Струга ТЛ повторно е со пет бода предност во однос на второпласираната Шкендија откако триумфираше со 2-0 против Тиквеш во 29. коло од Првата македонска фудбалска лига, а притоа искористувајќи го ремито без голови на Шкендија на домашен терен со Силекс.

Стружани дојдоа до водство од 1-0 со голот на Муарем уште во 5. миута од натпреварот.

Во второто полувреме, во 51. минута погоди и Шабани за конечни 2-0.

Шкупи победи со убедливи 3-0 против Брегалница. Чаирчани на домашен терен поведоа во 17. минута со голот на Сандеј Адетунџу кој одлично реагираше со глава по нафрлањето од корнер од десната страна, за водство од 1-0 на Шкупи…

Во второто полувреме, Адетунџи со својот втор гол во 63. минута зголеми на 2-0.

А, во 74. минута Алварез со шут од далечина зголеми на 3-0.

Македонија ЃП го победи Скопје со 2-0 на стадионот на тренинг-центарот„Петар Милошевски“ на ФФМ.

Во вториот дел уште еден гол на „лавовите“ преку Стоилов за 2-0, а Скопје во финишот само го ублажи поразот за конечни 2-1.

Со идентични 2-0 победи и Академија Пандев со головите на Велиновски во 60. минута и Димитар Трајков во 68. минута од натпреварот.

Шкендија и Силекс одиграа без победник, што ги оддалечува тетовци од битката за шампионската титула во која сигурно чекори Струга ТЛ.

ПМФЛ – 29. КОЛО
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ПОБЕДА 2-0
Велиновски 60′, Трајков 68′
Скопје: ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 3-0
Сандеј Адетунџи 17′, 63′, Алварез 74′
Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 0-0
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ 2-1
Мишевски 6′, Стоилов 60′
Струга: СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ 2-0
Муарем 5′, Шабани 51′

Се вчитува...