Струга ТЛ со четири контроли на подготовките во Анталија

Струга Трим Лум ги почна подготовките во Струга,  по што тимот ќе замине во Анталија, Турција, на 17 јануари, каде што веќе закажа четири пријателски натпревари…

Денеска  е петтиот ден откако тимот ги започна подготовките за пролетната сезона. По наредба на техничкиот тим предводен од Бледи Шкемби, подготовките продолжуваат според планот, и покрај климатските услови што преовладуваат во нашата земја.

Првиот натпревар ќе се одигра на 19 јануари против словачкиот тим Тренчин, додека три дена подоцна (22 јануари) за противник стружани ќе го имаат тимот од Узбекистан, ФК Пахтакор.

На 25 јануари закажаа натпревар со рускиот Рубин Казан, додека последниот натпревар на турска почва ќе се одигра на 30 јануари против Сочи. Овој меч ќе се одигра двапати по 60 минути.

Тимот во Анталија, Турција, ќе остане до 31 јануари, кога ќе се врати во Струга, каде што ќе продолжи со последната фаза од подготовките пред почетокот на втората половина од сезоната 2025/26.

Се вчитува...