Актуелниот македонски првак Струга ТЛ бележи огромен напредок на клупската ранг-листа што вообичаено ја објавува УЕФА, по големиот скок на најновото рангирање на европската куќа на фудбалот.
Стружани летово минаа неколку рунди во европските купови, не успеаја да се пласираат во групната фаза од Конференциската лига, но добрите резултати им овозможија скок од огромни 89 позиции, па така Струга ТЛ се наоѓа на 328. место на најновото рангирање на УЕФА.
Најдобро рангиран македонски клуб останува Шкендија, која се наоѓа на 176. место на оваа ранг-листа, но бележи пад од 26 позиции поради катастрофалниот настап минатото лето во европските натпреварувања.
Зад Шкендија се наоѓа тимот на Шкупи, кој бележи скок од три места и моментно се наоѓа на 179. позиција на ранг-листата на УЕФА.
Скок од 25 места во однос на претходната ранг-листа има и тимот на Македонија ЃП, кој се наоѓа на 331. место на најновото рангирање на европската куќа на фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА