Струга ТЛ со најдобар старт на сезоната во историјата на македонскиот фудбал, заедно со Вардар и Шкендија

Фудбалерите на Струга ТЛ, по девет одиграни рунди во елитното македонско фудбалско друштво, се со најдобар старт на сезоната во историјата на Првата македонска фудбалска лига.

Во 31-от шампионат од Првата лига во независна Македонија, Струга ТЛ е само еден од три клуба кои по девет кола го имаат најуспешниот старт на сезоната, со осум победи и еден нерешен резултат. Покрај стружани, осум победи и едно реми, на почеток од сезоната досега имале само Вардар во првата сезона на независна Македонија, како клуб чиј рекорд на крајот од сезоната во победи и ремија тешко дека може друга екипа да го достигне, но и Шкендија во сезоната 2017/18 која ја почна со ист резултатски скор како сега стружани.

Вардар, првата сезона во независна Македонија (1992/93) ја заврши на крајот со скор од 27 победи и седум ремија и неверојатна гол разлика од 119-16, што е рекорд на ниво на Европа кога се работи за прволигашки натпревари.

Од македонските клубови, за издвојување е Вардар кој во сезоните 2011/12 и 2015/16 има скор од седум победи и две ремија на почетокот од сезоната, како и Работнички кој има ист таков резултатски ефект во сезоната 2007/08.

 

Се вчитува...