Струга ТЛ со пораз од Шкупи пред своите навивачи ја прослави новата шампионска титула во Првата македонска фудбалска лига. Стружани во последното коло од шампионатот загубија со 1-2 од Шкупи, но во безначаен резултатски меч кој не го загрозуваше трофејот на старо-новиот шампион.
Но, ниту победата на Шкупи не им донесе пробив на втората позиција на табелата, затоа што Шкендија славеше со 0-2 на гостувањето против Работнички на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Со победата Шкендија ја осигура втората позиција која ова лето ги води во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Струга ТЛ ќе игра, пак, во квалификациите за ЛШ. Од лигата, како што е познато, испаднаа Брегалница и Македонија ЃП, Вардар ќе игра бараж за опстанок против Детонит Плачковица.
Тетовци до предноста од 0-1 на арената „Тодор Проески“ дојдоа со голот на Красниќи во 39. минута.
Во второто полувреме Аганспахиќ во 72. минута ги постави конечните 0-2.
Шкупи, пак, во Струга поведе со голот на Рамани уште во 9. минута од натпреварот, но Бунјамин Шабани со убав гол во 30. минута израмни на 1-1, постигнувајќи го 200-от гол за Струга ТЛ во настапите во Првата лига на Македонија во својата историја.
Во второто полувреме, Шкупи со голот на Аворнио во 50. минута дојде до победата од 1-2.
Вардар и Тиквеш ремизираа (2-2) на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Црвено-црните поведоа во 14. минута со голот на Николовски, но потоа со два гола на Даноски и на Пузиревскис кавадарчани дојдоа до предност.
Во второто полувреме Шушњара во 65. минута ги постави конечните 2-2.
Брегалница ремизираше 1-1 со Силекс. Штипјани поведоа благодарение на голот на Филип Стојчевски уште во 2. минута од средбата. Но, Манасиевски во 83. минута постигна евро-гол за конечни 1-1.
Во Турново, АП Брера славеше со 5-3 против Македонија ЃП. „Лавовите“ на полувремето водеа со 1-2. Ивковиќ уште во 3. минута постигна гол за водство на АП Брера, а потоа Величковски во 13. минута и Ларсон во 23. минута постигнаа голови за предност на „лавовите“ по првите 45 минути. Но потоа, во вториот дел „голеада“ за конечна победа од 5-3 на Брера.
ПРВА ЛИГА – 33. коло
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 1-2
Шабани 30′ – Рамани 9′, Аворнио 50′
Турново: АП БРЕРА – МАКЕДОНИЈА ЃП 5-3
Ивковиќ 3′, 59′, Мато Роџерс 66′, 87′, Олаосебикан 82′ – Величковски 13′, Ларсон 23′, 84′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС 1-1
Стојчевски 2′ – Манасиевски 83′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0-2
Красниќи 35′, Аганспахиќ 72′
Скопје: ВАРДАР – ТИКВЕШ 2-2
Николовски 14′, Шушњара 65′ – Даноски 24′, Пузиревскис 29′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – ГОСТИВАР 1-1
Марушиќ 56′ – Абази 79′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА