Струга ТЛ со прекрасен гол го освои Кавадарци (ВИДЕО)

Екипата на Струга ТЛ со победа ја заврши 2025 година, и ќе презими на втората позиција со еден бод заостанување зад лидерот Вардар. Во втората полуетапа од сезоната, стружани ќе се обидат да дојдат до третата шампионска титула.

Струга ТЛ денеска обезбеди триумф во Кавадарци над Тиквеш. Со еден гол, стружани стигнаа до трите бода. Моментот на одлука се случи во 36. минута од натпреварот, кога Хамза со прекрасен лоб удар го совлада Тасев.

Најпрво Шабани излезе сам пред Тасев, голманот на кавадарчани одбрани, но одбиената топка Хамза ја испрати во голот на домашните, и тој гол ги донесе три бода на Струга ТЛ.

Се вчитува...