Струга ТЛ со три прекрасни голови славеше во Кратово (ВИДЕО)

Интересен, возбудлив и неизвесен натпревар, со многу шанси и многу удари одиграа Силекс и Струга ТЛ во Кратово. Вистинско дерби, кое му припадна на тимот на Струга ТЛ кој имаше многу среќа во вториот дел, да се одбрани од налетите на домашните, кои имаа многу шанси, ама немаа ефикасност. Два гола стружани ги постигнаа во првиот дел, особено вториот беше прекрасен од слободен удар, а потоа кога се одбранија од налетите, успеаја да постигнат и трет гол, и да стават печат на победата. Во второто полувреме се истакна одбраната на Струга ТЛ, како и голамнот Анџелети кој успеа да фати неколку топки, и да донесе триумф. Кратовци имаа барем 5-6 зрели шанси во второто полувреме, меѓутоа се изнапромашија. Целосната доминација не успеаја да ја крунисаат со израмнување, а дојде и казната преку Зенку кој во 91. минута успеа да ја запечати судбината на домашните.

Се редеа шансите во првото полувреме, а почнаа во 7. минута кога домашниот играч Бутуровиќ по една нафрлена топка ја погоди пречката од голот на Струга ТЛ. Следуваше казна само минута подоцна кога Фал асистираше, а Компаоре од прва го изненади Џеков, и донесе предност.

Следуваше прилика за Пиреш, кој отиде премногу косо, па голманот на гостите успеа да одбрани во корнер.

Во 33. минута прекрасен гол на Хамза. Слободен удар од 25 метри и директен удар на Хамза во голот на Џеков, една „бомба“ која ја упати и која заврши во мрежата на домашните.

Сепак, Силекс успе да ја врати неизвесноста во 41. минута. Додев додаде до Мирчевски, а овој асистираше до Хрвановиќ, кој од прва со силен удар го совлада Анџелети за намалување на предноста, и навестување на одлично второ полувреме.

Кратовци тргнаа жестоко на стартот од вториот дел. Се играше 48. минута кога Силекс беше блиску до израмнување. Шанса пред голот на Анџелети, Пиреш и Хрвановиќ не се разбраа, па топката ја зафати еден од нив и завршува само крај стативата.

Струга ТЛ во 53. минута можеше да постигне и трет гол, меѓутоа ударот на Компаоре оди за малку над голот.

Се играше 67. минута кога Силекс имаше нова шанса за израмнување. Меѓутоа обидот на Мирчевски со глава оди само крај левата статива. Воша имаше можност да го реши победникот, Новата шанса за 2-2 дојде преку Пиреш, кој по одлична акција остана сам, шутираше, но Анџелети успеа да одбрани. Говедарица во 86. минута од свртување шутираше, и повторно среќа за Струга ТЛ, топката оди крај голот. Бутуровиќ имаше шанса повторно, но одново непрецизен удар со глава.

И кога не се искористија шансите, казната стигна преку Зенку. Одбиена топка до него на 22-23 метри, и следува удар кој завршува во мрежата на Џеков, за конечен триумф на Струга ТЛ, и втор пораз на Силекс по ред во ПМФЛ оваа сезона.

ПМФЛ, 7. КОЛО

СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ     1-3
Хрвановиќ 41′ – Компаоре 8′, Хамза 33′, Зенку 90’+1

БРЕРА – АРСИМИ 2-1
Наумчески 45′, Тодоров 59′ – Бешагиќ 34′

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 3-1

ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1-0

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-2

ПЕЛИСТЕР – БАШКИМИ (вторник, 23.09 – 15:30 ч.)

ТАБЕЛА:

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...