По завршувањето со европските настапи, екипата на Струга ТЛ со убедлива победа од 3-1 против Тиквеш во 6. коло од ПМФЛ се врати на домашната фудбалска сцена.
Стружани на домашен терен без поголеми проблеми славеа против кавадарчани во натпреварот со четири гола, два црвени картони и еден промашен пенал.
Главните возбудувања на мечот се случија во првото полувреме кога паднаа сите четири погодоци. Струга ТЛ поведе со голот на Радески уште во 15. минута, а потоа во 21. минута од пенал и во 31. минута два гола постигна Бесарт Ибраими.
Почесниот гол за Тиквеш беше дело на Ибиши во 37. минута од средбата. Тиквеш токму од 37. минута играше и со фудбалер помалку по исклучувањето на Вареловски.
Втор црвен картон имаше во 59. минута кога ја домашните беше исклучен Малиќи. Бесарт Ибраими испушти можност за хет-трик, кога во 63. минута не реализираше удар од белата точка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

