Струга ТЛ од 19. минута има предност на Националната Арена против Вардар. После една добра акција на стружани, од левата страна Фал центрираше до Шабани кој со глава го совлада Талески.
Претходно одлична шанса имаше Компаоре, кој одкосо од десно шутираше, но Талески одбрани во корнер. Вардар иако тргна офанзивно, сепак, не успеа да направи ниту една шанса да дојде до гол.
Гостите се поконкретни и порасположени за игра.
На вториот меч во Кратово, Силекс има предност против Тиквеш од 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

