Со заедничка фотографија од стадионот во Луксембург, Струга ТЛ го прослави пласманот во плеј-офот во Лигата на Конференции. Иако беа поразени, стружани благодарение на победата во првиот меч во Скопје од 3-1, обезбеди пласман во последната фаза пред групите.
Струга ТЛ остана со играч помалку во 15. минута откако беше исклучен Марјан Радески, но две минути подоцна Ибраими донесе предност за да го доближи македонскиот првак до плеј-офот.
Во вториот дел Есперанж стигна до пресврт, со голови во 70. минута и во четвртата минута од судиското надополнување. Жестокиот притисок на тимот од Луксембург не вроди со плод, а и Ќосевски беше феноменален на голот, и покрај тоа што прими два гола.
„Сонот продолжува“, беше пораката на Струга ТЛ од Луксембург.
Сега Струга ТЛ го чека натпревар со Бреидаблик, најпрво на домашен терен а потоа и во Исланд. Актуелниот шампион има шанси да стане вториот тим од Македонија кој ќе се пласира во групната фаза во едно европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА