Струга ТЛ стартуваше под палката на Бледи Шкемби (ФОТОГАЛЕРИЈА)

И екипата на Струга ТЛ денеска ги започна летните подготовки за новата сезона 2025/26, под палката на новиот тренер Бледи Шкемби.

Албанскиот стратег ја имаше првата прозивка во Струга, од подготовките за настапите во Првата македонска фудбалска лига, на која присуствуваше и спортскиот директор Бесарт Исаку.

Стружани веќе го утврдија и распоредот на подготвителните натпревар. Планирани се шест тест-дуели, против Балкани, Пелистер, Трајал Крушевац, Лапи, Скендербег и Охрид.

Се вчитува...