Екипата на Струга Трим Лум цврсто гази на патот кон Првата лига издвојувајќи се значително на врвот од Втората лига – Запад по денешната победа во 9. коло против Генч Калемлер од 1-0 (1-0).
Стрелец на единствениот гол за Струга Трим Лум за нови три бода беше Алтин Лога во 35. минута од средбата.
По оваа победа стружани сега се на врвот со 20 бода, четири повеќе од Гостивар и Лабуништа кои се на делба на второто и третото место. На четвртата позиција е Велазерими со 13 бода пред Гоблен јуниор кој има 12 бода.
РЕЗУЛТАТИ – 9. КОЛО
ВЧЕРА
Пелистер – Кораб 2-1
Гостивар – Лабуништа 0-1
Гоблен јуниор – Велазерими 1-1
ДЕНЕСКА
Струга ТЛ – Генч Калемлер 1-0
Тетекс – Скопје (23. октомври)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА