Актуелниот македонски шампион Струга ТЛ триумфираше со 3-0 против младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години на пријателскиот натпревар кој се одигра во Струга.
Стружани победија со головите на Касами, Такахара и Радески, во мечот кој претставуваше и проверка за избраниците на Вујадин Станојковиќ низ подготовките за квалификациите за ЕП.
Селекцијата до 19 години периодов одработува тренинг камп во Кичево.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА