Струга ТЛ убедлива против Воска на „генералката“ пред стартот на новата сезона

Фудбалерите на Струга ТЛ имаа успешна генералка против второлигашот Воска од Охрид славејќи со 3-1 на дуелот кој се одигра на Градскиот стадион во Струга.

Воска прва поведе со голот на Емини, но потоа се беше на страната на стружани. Бесарт Ибраими со два гола и Фатјон Јусуфи ја донесоа победата за Струга ТЛ.

Струга ТЛ со сериозни амбиции ја очекува новата сезона која ја стартува на 7. август на домашен терен со пресметката против повратникот во Првата лига, екипата на прилепска Победа.

Се вчитува...