Утре првпат новиот тренер на Струга ТЛ, Бледи Шкемби ќе ја води екипата, за кога е закажан првиот тренинг, со што и официјално поранешниот двократен шампион ги почнува подготовките за новата сезона.
Во координација со Шкемби, одредени се и контролните натпревари ова лето. Стружани имаат намера да одиграат пет контролни натпревари пред почетокот на сезоната.
Серијата на „тестови“ за Струга ТЛ почнува на 9. јули и дуел против Балкани Косово. На 12. јули екипата ќе се соочи со Пелистер. Трет противник за Струга ТЛ ќе биде тимот на Трајал Крушевац од Србија на 16. јули, додека на 23. јули е предвидена контрола со Лапи.
На 26. јули, Струга ТЛ ќе ги одмери силите со Скендербег од Корча, а генералката ќе биде против Охрид на 1. август.
Тимот исто така ќе треба дополнително да се засили по серијата на заминувања. Од екипата заминаа Стефан Спировски, Христијан Стевковски, Бесарт Кривањева, Никола Влајковиќ и Сава Радиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

