Струга ТЛ има максимални три победи на стартот од новата сезона, а тоа им дава дополнителен мотив на фудбалерите и стручниот штаб да продолжат во ист ритам и денеска (16:30 ч.) на дуелот против Башкими.
Дефанзивецот Гледи Мици вели дека тимот е подготвен за новото искушение, иако знае дека во Куманово нема да биде лесно да се освојат бодовите:
„Башкими на позитивен начин ја започна сезоната во елитата. Имаат квалитетен состав, а дополнително уживаат и голема поддршка од публиката. Свесни сме што нè очекува во Куманово, но подготвени сме за предизвикот и веруваме дека ќе успееме да ја продолжиме победничката низа“ – изјави Гледи Мици.
Струга Трим Лум досега има совршен старт, три натпревари и три победи. Тимот славеше со 2-0 на домашен терен против Македонија ЃП и против Работнички, а триумф забележа и на гостувањето кај Арсими (1-2).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

