Струга ТЛ во меч со осум гола подобра од албанска Вора

Македонските фудбалски прволигаши и второлигаши продолжуваат со подготовките за новата сезона во мак-фудбалот.

Двократниот национален шампион Струга во неверојатен пријателски меч со осум погодоци славеше над албанска Вора со 5-3. Гостите набрзина поведо со 0-2, а до крајот на првиот дел нашиот тим израмни на 2-2.

Двата тима постигнаа по еден погодок за 3-3, а стружани со два гола во финишот успеаја да стигнат до нова победа во подготвителниот период. Воша и Риза постигнаа по два гола на овој меч, додека Кочоски еднаш се запиша во листата на стрелци.

 

Се вчитува...