Македонскиот шампион Струга ТЛ вечерва во главниот град на Црна Гора го игра реванш натпреварот против Будуќност од второто квалификациско колото од Конференциската лига.
Тренерот на стружани, Шпетим Дуро не го крие задоволството од позитивниот исход на првиот натпревар и предноста од еден гол, но вели дека неговиот тим треба да биде максимално подготвен за средбата.
„Со нетрпение го очекуваме утрешниот натпревар со Будуќност, очекувам тимот да има добар настап, исто како што тоа го направивме на трите досегашни средби во Европа, двата против Жалгирис и последниот против Будуќност. Резултатот од првиот меч е позитивен, бидејќи успеавме да победиме, но ова е нов натпревар и треба да бидеме максимално подготвени. Верувам дека можеме да излеземе како конечни победници“, изјави Дуро.
Натпреварот меѓу Будуќност и Струга ТЛ е закажан во 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА